facebook youtube1 tweet

НАЧИНИ НА НАПЛАТА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ВО ПРИЛЕП

Начинот на наплата во  возилата (автобусите) на Јавниот градски превоз во Прилеп ке биде еден од најсовремените  во Македонија а можеби и на Балканот.

Имено се работи за следното:

Секој корисник на Јавниот градски превоз може да си купи картичка од наплатниот центар на ЈСП -Прилеп , која е сместена во центарот на градот, согласно со ценовникот донесен од Советот на Општина Прилеп.

Контролата се врши  електронски,  со помош на монтиран апарат на влезот од автобусот каде корисникот е должен да ја приближи картичката.  Картичката е многу слична со кредитните или сите картички кои се користат за подигање на готовина на постојните банкомати низ градот. Картичките се купуваат еднаш,  а се користат и  дополнуваат по желба на корисникот.

Вториот начин на наплата е кога корисникот на услугите на градскиот превоз нема картичка и плака со готовина, односно на влезот од автобусите ќе биде монтиран апарат каде корисникот е должен да пушти метални монети во износ од 20 денари( две монети од по 10 денари или четири од по 5  денари )

За плакањето во готовина корисникот добива фискална сметка од апаратот во кој ги пушта монетите.

За да се избегнат злоупотребите при користењето на градскиот превоз ке биде вршена контрола  на  корисниците во самите автобуси од страна на инспекциска служба определена од Локалната самоуправа, која ќе ги контролира картичките или фискалните сметки на корисниците во Јавниот градски превоз.